Две страшни сообраќајки ноќеска во Скопје

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје, едната во Центар на Партизанска, другата во Чаир на улицата Цветан Димов.

Александар Шејкеровски, ТВ Телма

Едниот автомобил по сударот се превртел на Партизанска и завршил во жардињера на средина на булеварот, додека во другата несреќа се судриле повеќе возила.

Засега нема информации од повредени лица во двете незгоди, се очекува МВР да соопшти повеќе информации во текот на денот.

АКТУЕЛНО