Search
Search

Шутаров: Состојбата со сметот во Скопје е крајно сериозна, предлагаме повеќе мерки

Скопје ова не го заслужува, а најмалку од се што можат да направат и градоначалникот на град Скопје, но и мнозинството во светот на градот Скопје, предводено од ВМРО-ДПМНЕ е да излезат јавно и да им се извинат на граѓаните, бидејќи дозволија да се случат вакви ситуации, истакна советникот на град Скопје од СДСМ Гордан Шутаров, на денешната вонредна седница на советот, иницирана по барање на советниците од СДСМ.

Шутаров нагласи дека однесувањето на надлежните во ЈП Дрисла, кои не дозволија да се истовари веќе собраниот смет е недозволива исто како што е недозволиво истурањето смет на јавна површина од страна на градоначалниците на ДПМНЕ.

Шутаров предлож повеќе краткорочни и долгорочни мерки за справување со состојбата предизвикана од хаосот со сметот и во ЈП Комунална и хигиена, меѓу кои за вклучување на сите претпријатија во чистењето, за редовно миење и чистење на сите улици и сообраќајници во град Скопје, дезинфекција и дезинсекција на контејнерите и на сите места каде што се наоѓаат контејнерите и нивната околина, како и итна набавка на 5 нови камиони и механизација за собирање на смет и отпад и на 5 нови модерни еколошки чистачи на улици и сообраќајници.

Шутаров упати повик до сите државни и надлежни институции детално и до крај да ги испитаат сите наводи, кои се наведени во поднесените кривични пријави и во кривичните пријави кои допрва ќе се поднесуваат, детална проверка на договорите за вработување на вработените за кои има сомнеж дека не се појавуваат на работа и остваруваат право на плата, одговорност за сите кои директно и индиректно учествувале во креирањето на ваквите состојби во ЈП Комунална хигиена, проверка на состојбите со договорите за вработување и во останатие ЈП во соработка со надлежните државни институции, ревизија на работата членовите на УО и НО на ЈП Комунална хигиена, ревизија и формирање на работно тело за наздор на работата на ЈП, редовни и чести координации меѓу градоначлникот на град Скопје, претседателот на советот и кооридинаторите на советничките групи, како и соработка на ЈП за надминување на состојбите во градот.

Состојбата во градот е крајно сериозна, или крајно сериозно ќе и пристапиме или на крајот на мандатот ќе немаме ниту град, ниту институции, ниту јавни претпријатија, порача советникот од СДСМ во советот на Град Скопје, Гордан Шутаров

 

АКТУЕЛНО