Search
Search

Ногата горе, цигара и мобилен телефон- како возат приватните превозници низ Скопје

По неколку неуспешни огласи приватните превозници се вратија на скопските улици, но со тоа и истите проблеми. Нејасно е како дел од овие автобуски линии исполниле услови кога немаат ниту клима уред, дел од вратите не работат, автобусите се нечисти.

Како што посочуваат дел од патниците за Градска редакција, на температура од 40 степени возачот на автобусот со број 12 за време на патувањето од Ѓорче Петров кон Центар испушил три цигари, зборувал на мобилен телефон, а и постојано правел муабет со сопатникот, но сепак врвот на возачките способности било тоа што левата нога му била креаната и потпрена на возачката врата.

Возачот пуши цигари за време на возењето

      

 

Покрај тоа што зборува со сопатникот, возачот зборува и на мобилен телефон додека вози

Иако патниците реагирале на ова однесување, тој ги игнорирал сите реакции.

С.Т.

АКТУЕЛНО