Search
Search

Во Скопје има Детални урбанистички планови кои сакаат шверцерски да ги протнат, алармира Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска побара хумано градење во Градот, но и следење на стандардите за градење, за да не се повтори тоа што се случи пред 60 години со катастрофалниот земјотрес. Се заблагодари на вработените во ИЗИС и ги повика сите присутни да се спротистават на урбаната мафија. Потенцираше дека во моментов се работи на Генералниот урбанистички план кој треба да биде водила за тоа како Градот ќе се развива идните 10 години.

„Треба да превенираме да не се случи она што се случи. Да се биде на браникот на тоа да не се овозможи сеизмички несоодветни објекти да се градат – е многу важно. Но важно е да се имаат и останатите фактори кои треба да ги имаме, за развојот на нашиот град. А тоа е хуманото градење, Град Скопје да се гради хумано“, рече Арсовска.

Ги повика присутните и вработените во ИЗИС, да направат се што сметаат и што можат, за да во Град Скопје не се развива урбаната мафија.

„Со тимот во Град Скопје имавме состанок и анализиравме и дојдовме до тоа дека има Детални урбанистички планови, кои сакаат шверцерски да се протнат низ институциите. Затоа повикувам да зборувате гласно, да ја дадете својата експертиза секаде каде е неопходно“, додаде таа.

АКТУЕЛНО