Search
Search

Објавена листата од 25 прехрамбени производи кои ќе поевтинат за 10 отсто

Министерот за економија Крешник Бектеши ги објави групите на 25 производи кои поевтинуваат со „гарантирана цена“ од утре, односно со објавувањето на одлуката донесена на денешната владина седница во Службен весник.

Министерот повтори за да нема забуна дека оваа одлука ќе важи за сите производи, без разлика дали се домашни или странски, односно важи за сите што се на македонскиот пазар. Тој рече дека Македонија не е единствена земја во ЕУ која замрзнува цени, додавајќи дека очекува во наредните месеци да има намалување на инфлацијата во делот на храната за над 4 отсто.

Дополнително на маркетите ќе им се дозволи да прават акции со пониски цени од оние пропишани со новата одлука, плус обврска ако во случај прават намалување на производи, поради истек на рокот, тоа да биде посебно означено. Во вторник ќе се зголемат и ингеренциите на ДПИ, а ако некој се жали на одлуката, има други надлежни органи. ДПИ може да постапува во зависност од сторениот прекршок, но мислам дека трговците ќе ја почитуваат одлуката во 99 отсто од случаите. Доколку граѓаните забележат прекршување, веднаш треба да го известат ДПИ, а ако се забележи дека пазарните инспектори не излегле на терен, ние како Влада ќе преземеме мерки кон ДПИ – се закани Бектеши.

Станува збор за следните производи кои треба да поевтинат за 10 отсто во однос на цените кои важеле за нив во маркетите на 1 август.

Oриз бел, во пакување од 900 д. до 1кг;
брашно пченично тип 400 и тип 500;
бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 д. (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
Други пекарски производи;
бисквити “Petit Beure” и бисквити обични и посни од 300 до 500 д.;
6. наполитанки, со фил од какао крем, (обични, непрелиани) од 300 до 500 д.;
7. тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 д.;
8. јунешко месо без коски од бут или некој друг дел;
9. свинско месо без коски од бут или некој друг дел;
10. мелено месо свинско и јунешко;
11. пиле свежо или замрзнато (цело) ;
12. пилешки стек свеж или замрзнат;
мелено месо свинско и јунешко;
14. Чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување ;
Пилешка посебна салама (без слајс пакување) ;
16. паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 гр. ;
17. трајно кравјо млеко (без органско и со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% од 1л. ;
18. јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2% во пакување од 1 л и 1,5 л. ;
кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500 гр. ;
20. павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 гр. ;
традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци) ;
традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
23. свежи јајца од кокошка;
24. свежо овошје;
25. свеж зеленчук.
Владата со забраната на продажба на производи по акциски и промотивни цени во маркетите, ја зголеми загриженоста кај оние граѓани кои редовно набавуваат артикли на попуст.

И покрај тоа што министерот за економија најави корекција на оваа мерка, која беше донесена со намера да бидат спечени злоупотреби и манипулации со акциските цени, граѓани се жалат дека тоа може да влијае врз нивниот буџет.

АКТУЕЛНО