Search
Search

ВИДЕО – Голема изложба на кукли во Калифорнија

На изложбата по повод Светскиот ден на куклата во Конкорд, Калифорнија, САД, беа изложени стотици видови кукли, јавува новинската агенција Анадолија.

Меѓу изложените играчки во облик на мажи и жени е и „Барбика“ од 1959 година што неодамна беше продадена на аукцијата „Терио“ (Theriault) за 48.000 долари. Куклата во препознатливиот црно-бел костим за капење првично чинела три долари, а сега е во приватна сопственост на директорот на музејот за кукли „Гровијан“ и продавницата за кукли „Кармел“.

Вниманието на посетителите го привлекоа и уникатните „кукли на стравот“ создадени од Кели Спраг.

Покрај кукли, посетителите можат да и купат и плишани и пластични животни, вклучувајќи ги и цртанките на „Дизни“ како „Мики Маус“ од 1930-тите. Примерок од старите „Дизни“-играчки чини околу 525 американски долари (нешто помалку од 500 евра).

АКТУЕЛНО