Фото/Општина Аеродром

Аеродром е првата општина која воспоставува организиран систем за собирање електронски отпад

Во соработка и партнерство со „Нула отпад“, Аеродром станува и првата општина која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад, а граѓаните и компаниите добиваат локации на кои ќе можат да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови.

Со овие нови контејнери кои се поставени на 12 локации низ општината, правиме значаен исчекор за промоција на одржливоста и заштита на животната средина. Овој систем, ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест.
Грижата за здравата и чиста животна средина е наш приоритет, а со промовирање одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување на електронскиот отпад, заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина.
Kонтејнерите за одложување електронски отпад беа поставени на следните локации:
– Парк на светлината
– Позади Мајчин Дом
– Капитол, подземните контејнери од страната на „Дежа Ву“
– Бисер, веднаш до пазарот
– Позади Тренд
– Реонски центар (до Горење)
– Ново Лисиче (зградите спроти Лиса центар)
Во наредните денови ќе бидат поставени контејнери на 8 други локации низ општината, за што дополнително ќе ве информираме.

АКТУЕЛНО