До 10.000 илјади евра за невработени лица, се вратил од Германија и отворил свој бизнис

Вкупно 18.056 невработени лица во Македонија можат да аплицираат во програмата на Агенцијата за вработување за финансиска поддршка од 5.000-10.000 илјади евра. Невработените лица грантот ќе можат да го користат за отворање на нов бизнис поддршка за самовработување – Претприемништво во Македонија.

Фото/ facebook

Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати информира дека секој заинтересиран невработено лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го формализираат веќе постоечки бизнис имаа можност да аплицираа за учество во оваа програма со која ќе бидат финансиски поддржани во износ до 307.500,00 денари.

Според него доколку две невработени лица сакаат се здружат и да започнат сопствен бизнис или да го формализираат веќе Постоечкиот бизнис како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, финансиската поддршка изнесува до 615.000,00 денари.

Градска редакција  пред неколку недели подготви сторија за млад бербер кој се вратил од Германија аплицираше на претходниот проект на Агенцијата и со добиените средства од 5 илјади евра отвори сопствен бизнис.

Исмаил Идризалари (28) од Скопје во својата животна приказна кажува дека два пати бил со работна виза во Германија, по три месеци работел како бербер во една од тамошните берберници. Вели дека таму се труди заработува но и троши повеќе, на крајот не останува многу за штедење.

Откако неколку пати оди и се враќа, на крајот Исмаил решава да се врати и да создаде сопствен бизнис во родниот град Скопје. Прво се пријавува на програмата за невработени која ја спроведува Агенцијата за вработување. Оваа програма предвидува намалување на невработеноста со започнување личен бизнис.

„Двапати бев во Германија и работев три месеци, таму работиш со полно работно време се заморуваш  но и добро те плаќаат, но од друга страна има и многу трошоци, не ти остануваат многу да заштедиш. Решив да се вратам, аплицирав за субвенции од државата за да отворам мал бизнис овде во Скопје. Бидејќи по професија сум бербер, со државни субвенции од 5.000 евра, отворив берберница, ја регистрирав фирмата и ослободен сум две години од данокот што треба да и го плаќам на државната “ – изјави за градска.мк берберот Исмаил Идризалари.

Вели, каде и да е работникот работи како што треба. Според него, ако имате јасни идеи и цели, можете да успеете во секој бизнис.

За реализацијата на програмите, мерките и услугите за вработување оваа година се од буџетот на државата издвоени се најмногу финансиски средства во износ од 1.972.045.915,00 денари, а планирано е да бидат опфатени 18056 лица.

Ликот за аплицирање:

https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

АКТУЕЛНО

Поврзани објави