Анкета на Градска.мк: Дали маркетите ги почитуваат мерките за замрзнати цени?

Прехранбени производи од 25 категории како што се пекарски производи, тестенини, месо, млечни производи, ориз и целото свежо овошје и зеленчук, од денес на рафтовите низ супермаркетите ќе имаат пониски цени за најмалку 10%, во однос на цените што ги имале на 1 август.

Каков е впечатокот на граѓаните на Скопје кои денеска пазареа низ маркетите? Градска редакција со анкета, граѓаните велат дека во главно не се почитуваат мерките од страна на маркетите, има и од тие кои велат дека е рано да се констатира дали се почитуваат мерките или не, но има и од тие кои велат дека маркетите злоупотребуваат, пред време ги покачуваат цените за да после мерките да ги намалат или да ги замрзнуваат цените.

Владата на вчерашната седница ја утврди листата со продукти, кои граѓаните ќе може во маркетите да ги препознаваат по ознаката „гарантирана цена“ до крајот на ноември, а доколку е потребно одлуката може и да се продолжи.

Министерот за економија Бектеши рече дека трговците задолжително ќе треба да набавуваат најмалку 70% во однос на количините од август.

Идната недела, Бектеши најави дека ќе се донесе ново законско решение за нефер трговски практики. Потсети и дека за евентуално предизвикување заблуди кај потрошувачите во однос на цените, измами или нефер трговски практики се предвидуваат забрана за вршење дејност или различни други казни и глоби кои се главно прекршочни.

Н.Ш

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

АКТУЕЛНО