ВИДЕО: Автобусите на ЈСП не застануваат на постојките, а граѓаните ги чекаат и до еден час

Во нашата редакција стигна видео од револтиран граѓанин кој секојдневно се соочува со проблеми на јавниот градски превоз.  Тој вели секој ден е приморан или да чека со саати на автобуска постојка, или да иде на други автобуски станици кај што поминуваат повеќе автобуси кои возат на повеќе линии. Според него автобусите се преполни, и приватни и на ЈСП, автобуската постојка на која чекам е преполна со граѓани кои чекаат.

„Ретки се автобусите на 19 кои возат од Карпош до Шуто Оризари. Чекаме со саати, и пак ништо автобусите не застануваат. Граѓаните кои со мене чекаат  автобус многу се нервозни, автобусот застанува неколку метри пред постојката, ги симнува патниците а не ги земе другите. Ова е катастрофа, имаме нај лош јавен транспорт„  ни пишува револтиран граѓанин.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО