Апел за мобилизација за пронаоѓање на исчезнатото девојче Вања се шират и во соседството

Се бара помош и пошироко, во земјите од регионот и Европа на мобилизација за пронаоѓање на 14 годишната Вања.  Роднините и пријателите прек социјалните мрежи бараат да се мобилизираат сите и да се најде Вања која исчезнала во понеделник додека утрово одеше на училиште, носела црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „Најк“ патики со кафена лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон „Песталоци“. Висока е 175 сантиметри, тешка 58 килограми, има темно кафена коса и кафени очи, носи протези на горните и долните заби и има бемка на десната страна од лицето. Со себе носи ранец и мобилен телефон марка „Ајфон“.

Нејзината мајка вчера изјави дека Вања немала проблеми со булинг, семејните односи не биле нарушени и семејството нема непријатели. Таа изрази благодарност за работата на полицијата која на највисоко ниво со формирање на специјален тим максимално се ангажира за Вања да биде пронајдена.

Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишната Вања Ѓорчевска, ученичка која завчера утрото на пат кон училиште исчезна во централниот дел на Скопје, во населбата Дебар Маало. Во меѓувреме, информацијата за нејзиното исчезнување е пренесувана од регионалните медиуми, а информациите за нејзиниот физички изглед кои можат да допринесат за нејзино препознавање, се споделуваат и на англиски јазик на социјалните мрежи.

Доколку имате било каква информација јавете се во најблиската полициска станица.

Полицијата апелира да не се шират дезинформации. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво. Истрагата интензивно се одвиваше и во текот на ноќта но без епилог.

Јавноста е исклучително вознемирена од настанот со оглед на тоа што се работи за исчезнато дете во еден од најфреквентните централни делови на Скопје.

Во списокот на МВР има 68 исчезнати лица

Според податоците објавени на веб страната на Министерството за Внатрешни работи 68 лица се водат како исчезнати во Република Северна Македонија.

Фотографиите на исчезнатите лица постојано стојат во веб страницата на МВР и за секаква информација се бара да се информира полицијата во најблиската станица или на телефонскиот број 192.

Најмладиот и пред една година исчезнат е Џобески Петар роден 18.08.2011 година во Прилеп.

Ако се гледа списокот на исчезнати интересен е фактот што во иста година во март и април исчезнале три деца две се од градот Куманово а една е на патот за Куманово.

Првично исчезнува Дане Мемеди Роден 04.12.2005 година во Куманово, Потоа истиот месец на 19 март 2010 исчезнува Митат Ибраими роден 01.10.2002 година во с.Средно Коњари – Скопје, истата година но во првата половина на месец април исчезнува Мирсада Хелдовиќ родена 18.02.2005 година во Куманово.

Н.Ш

АКТУЕЛНО