Search
Search

Арапите имаат мега план за вештачката интелигенција: Ќе бидат ли „полигон за тестирање“?

ОАЕ ја разгледува идејата на Сем Алтман, директор на „Open AI“, да бидат полигон за тестирање на вештачката интелигенција.

Заливската држава моментално ја разгледува американската технологија за потребите на вештачката интелигенција. Како што пишуваат светските медиуми, ОАЕ ќе настојуваат да станат глобален лидер во тестирањето и регулирањето на технологиите за вештачка интелигенција, рекол службеник на владата кој ги повторил предлозите на главниот извршен директор на „OpenAI“ Сем Алтман порано оваа недела.

Уверувањето на Алтман дека ОАЕ може да стане центар на прагматично регулирање покажува дека „УАЕ е сериозен играч“ во просторот на вештачката интелигенција, рекол државниот министер за вештачка интелигенција на ОАЕ Омар Ал Олама за „Bloomberg“ во интервју на самитот во Дубаи. „Тоа е можност која лично сакам да ја видам, тоа е нешто за што ќе се залагаме“.

 

Алтман, кој преговара со инвеститори на Блискиот исток, на истата прес-конференција изјавил дека таа заливска земја би можела да послужи како светски регулаторен полигон – место за експериментирање со „AI“ технологиите и подоцна предводење на глобалните правила кои ја ограничуваат нејзината употреба.

Обединетите Арапски Емирати многу инвестирале во вештачката интелигенција и ја направиле клучна политичка тема, но нивните врски со Кина предизвикале загриженост во САД. Порано оваа недела, компанијата за вештачка интелигенција од Емиратите „G42“ рекла дека ќе го намали своето присуство во Кина за да го смири Вашингтон.

 

Ал Олама ги опишал ОАЕ како многу моќен партнер на САД. „Сите наши технолошки основи и инфраструктура се поврзани со американски компании, тоа нема да се промени во брзо време“, рекол тој.

Но тоа партнерство не исклучува соработка со кинески компании, додал министерот.

Огромниот прилив на технолошки работници од 2021-ва помага во поттикнување на амбициите со вештачката интелигенција во заливската држава. Од септември, имало 120.000 луѓе кои работеле на „AI“ или во индустријата поврзана со вештачката интелигенција. /Tocka/

АКТУЕЛНО