Search
Search
фото/ Град Скопје

Арсовска не се појави на седницата на Град Скопје за советнички прашања

Иако денеска се одржа седницата на Советот на Град Скопје, каде советниците требаше да поставуваат прашања на Данела Арсовска и директорите на јавните претпријатија кои се под Град Скопје, градоначалничката воопшто не се појави, пренесува градска.мк.

Исто така една од главните забелешки е дека досега ниту едно од прашањата кои се поставени од советниците до директорите не се одговорени или се делумно одговорени со образложение дека ќе бидат одговорени писмено.

Одговор доби само советникот на партијата Левица, Реџеп  Исмаил кој и поставуваше прашање на директорката на ЈП- Лајка , поточно праша колку претпријатието има вработени ветеринари и дали тие не се доволни поради што претпријатитето  ангажира приватни ветеринарни друштва за извршување на работите.

Директорката на ЈП-Лајка Радмила Пешева одговори дека Лајка е ново претпријатие и уште е во формирање, Лајка според систематизација има два сектори еден админитративен и еден оперативен.

„Во моментот имаме двајца ветеринари, еден е раководител на сектор кој извршува и други ветеринарни дејности, овие две ветеринари со тројца техничари прават визити, спремаат кучиња за пуштање на локација, спремат документација за вдомување, се грижат не само за операција туку и за паразитен третман, за вакцинирање за беснило и ставање на маркица, и за викендот ангажираме и други ветеринари кои што верувајте работат под цена, и тоа се случило до сега само во два викенди но не и повеќе. Јас  барам но не ни излегуваат во пресрет бидејќи ние сакаме да третираме се повеќе кучињана нај добар начин  во Скопје за да програмата да даде резултати„ – одговори  Директорката на ЈП-Лајка Радмила Пешева.

Н.Ш

АКТУЕЛНО