Search
Search

Арсовска не се појави на седницата на Советот за состојбите во „Комуналец“ и собирањето на отпадот

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не дојде денеска на седмата вонредна седница на Советот на Град Скопје, која беше свикана од советниците за да се побара одговорност за несобраното ѓубре во градот и ситуацијата околу ЈП „Комунална хигиена“.

Дел од советниците ја критикуваа одлуката на Арсовска за недоаѓање на седницата.

-Директорката на „Комунална хигиена“ и градоначалничката беа уредно поканети уште во понеделникот на 10 јули. До моментов не е стигнато мислење или било каква информација од директорката за мислење за состојбата, а градоначалничката на 11 јули достави краток допис. Во него стои дека Скопје се чисти, екипите на „Комуналец“ се постојано на терен и состојбата во претпријатието е нормализирана. Заштитата на јавниот интерес и интересот е скопјани е приоритет на Градот Скопје, изјави Славески, потенцирајќи дека во дописот не стои дали Арсовска ќе присуствува на денешната седница.

Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска рече дека е срамота тоа што Арсовска денеска не присуствува на вонредната седница.

-Барам да се обезеди присуство на градоначалничката, директорката и оние кои што се надлежни да дебатираме денеска ние за оваа точка, бидејќи дневна политика, ситни политички поени, популизам овде не ни треба да зборуваме. Ние треба аргуменирано да дебатираме и да донесеме решенија кои што понатака ќе бидат реализирани и спроведени. Ве молам да обезбедите присуство бидејќи нема ништо поважно денеска од тоа градоначалничката денеска да е присутна во оваа сала, порача Андоновска.

АКТУЕЛНО