Search
Search

Балканот го очекува посилно невреме, температурите од среда ќе паднат за 15 степени

„Италијанското сценарио“ со локални поплави е најавено за Словенија, а урагански и оркански ветрови најавуваат и метеоролозите во Хрватска и во Србија. Се очекува ненадеен пад на температурите во среда, во некои региони и за цели 15 степени.

Агенцијата за животна средина на Република Словенија (АРСО) издаде портокалово предупредување за северот на Словенија поради можност за засилено локално невреме во земјата. Во наредните денови, како што велат, се очекува уште полошо невреме од минатонеделното!

Оркански ветришта ќе веат до среда

Метеорологот Блаж Штер вчера на Твитер предупреди дека од понеделник навечер до среда е можно посилно невреме. Во почетокот се очекуваат силни налети на ветер и град, но од вторник попладне и долготрајни врнежи.

На веб-страницата Ciklon.si предупредуваат на опасност од ветрови со ураганска сила.

Локални поплави во Хрватска се до четврток

Силни налети на ветер ѝ се закануваат и на северна Италија, каде што минатата недела се формираа интензивни и деструктивни бури од суперќелии, а потоа се префрлија кон Словенија и Хрватска. Се прогнозира дека истото ќе се случи и овој пат.

Нестабилно време деновиве се очекува и во Хрватска. Денеска портокаловото предупредување е на сила само за сплитскиот и дубровничкиот регион. ДХМЗ ги предупредува граѓаните да бидат подготвени на горештини и високи температури, особено чувствителното население, постарите лица и малите деца.

За утре портокаловиот метео аларм во Хрватска е проширен во уште неколку региони – Риека и Загреб.

„Можна е бура со грмотевици која може да предизвика големи штети, затоа треба да се заштитите од гром. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави, невреме со ветер и град“, предупредува ДХМЗ.

Температурите во среда ќе опаднат за цели 15 степени?

Високите температури се вратија во Србија по невремето суперќелии, но овој топлотен бран нема да трае долго и веќе во среда се очекува разладување.

Според временската прогноза, во среда во Војводина се очекуваат најпријатни температури меѓу 20 и 27 степени. Подолу, во централна и источна Србија, температурите ќе се зголемуваат за неколку степени, додека на југот од земјата ќе продолжи жешкото лето.

И во Србија, метеоролозите најавуваат урагански ветришта.

„Во зоната на грмежи се очекува град, но и ветрови со силен ветер кој за кратко може да достигне урагански налети од над 28 m/s“.

Но, истовремено регионот е преплавен со многу високи температури. Во централна Србија температурите ќе се движат меѓу 37-иот и 40-тиот степен. Српскиот републички хидрометеролошки завод предупреди и на нагла промена на времето во вторник кон крајот на денот на северот од земјата, а во среда и во другите региони со дожд, врнежи, грмежи и пад на температурата за околу 15 степени.

АКТУЕЛНО