Бочварски: Брзото завршување на коридорите има големо значење и за економијата и за безбедноста во сообраќајот

Компанијата Бехтел согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51% домашни ресурси, што значи овде спаѓаат човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи кои што ќе работат овде на терен, што значи секоја компаниите од Северна Македонија која што смета дека може да одговори на задачите, на предизвикот да влезе да работи за овие делници може секако да влезе во разговори со компанијата Бехтел со цел да се најде на пазарот во однос на овие проекти, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервјуза МИА.

Инаку ние во моментот работиме и на многу други проекти, овде е Ранковце-Паланка каде што денеска бевме на терен, таму исто така имаме доста градежни работи, овде е секако и делницата Градско-Дреново каде што исто така имаме тешка механизација, превојот Плетвар го завршивме, се работи на рехабилитација Битола-Меџитлија така што домашните компании и тоа како имаат работа и се пронаоѓаат во домашните проекти во делот на градењето и во делот на инфраструктурата, но ова е уште еден најголем проект и јас сум убеден дека ќе се пронајдат и ќе можат да излезат на терен, да работат заедно со оваа една од најголемите светски реномирани компании, секако да добијат и дополнително знаење и можности за да понатаму продолжат да се градат овде и надвор од државата на други проекти, кажа министерот.

Тој додаде дека доколку сакаме проектот за изградба на коридорите да заврши во пократки рокови тогаш е добро да се влезе во корекција на законите или измена и дополнување на законите, што ќе овозможат овој проект да се работи побрзо и граѓаните да имаат можност многу побрзо да ги користат овие автопатски делници.

Верувајте, една или една и пол година доколку заврши порано целиот проект тоа значи многу за економијата, за безбедноста во сообраќајот. Јас сакам да го отворам прашањто колку ние ќе заштедиме на пример со безбедноста во сообраќајот или со бројот на жртви во собраќајот доколку ние една година или 2 години побрзо завршиме со реализација на овој проект. Колку побрзо ќе добиеме безбедни патишта, тоа не се кратки, мали или незначителни делници. 110км автопатски делници значат многу во дел на безбедноста на сообраќајот на една земја. И сметам дека за нас стратешки интерес е да ги завршиме час поскоро во делот на економијата. Да не зборувам колкави се ефектите, бидејќи кога ќе ги реализираме овие ефекти, порано, тогаш ќе можат и да се развијат нови економски капацитети во многу региони. Рамномерниот регионален развој, во Битола, во Прилеп, во регионот. Јас затоа повторувам, ајде да отидеме во Битола, во Прилеп или во Тетово и Гостивар, Струга и Охрид, да ги прашаме граѓаните кој им е клучниот и најголем проблем на граѓаните од тие региони. Сите до еден ќе кажат, клучно прашање е решавањето на инфраструктурата. И ние сме ветиле и сме земале обврска и во програмите на Владата и во законските одредби дека ние инфрастуктурата мора да ја подобриме. Да не се развива и концентрира целата економија во главниот град туку да можеме да ја дисперзираме практично целата економија, кажа Бочварски.

АКТУЕЛНО