Честитки за Скопје, прв најзагаден град во Европа, 10-ти во светот

Бадникарските огнови и зголемената фреквенција на возила, пред празниците си го направи своето и утрово скопје е на 10- тото место во светот според загаденост, a прв во Европа според веб страната iqair.

Веб страната aqicn.org пак покажува дека на неколку точки во Скопје, утрово е екстремно загадено. Најлошо е во скопската општина Kисела Вода, каде на булеварот „Борис Трајковски“ концентрацијата на ПМ10 честички достигнала до 500 мг/м3 што значи дека граѓаните дишат канцероген воздух. Во Гази Баба и Ѓорче Петров исто така е загадено и достигнува до 180 мг/м3.

Новогодишните празници и загадувањето ги наполни амбулантите. Грипот почна да зема замав. Според податоците на Институтот за јавно здравје во последната недела од декември регистрирани се 403 заболени, што е двојно повеќе од претходната недела.Лекарите велат традиционално, постновогодишно амбулантите се полни. Најголем дел од симтомите траат до една недела, додека кашлицата знае да е исклучок и да потрае подолго кај некои пациенти.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави