Search
Search
чифте амама/википедија

Чифте амам стои како храм на културата во Старата скопска чаршија

Кога некој патник – намерник ќе дојдел во Старата скопска чаршија, таа секогаш имала да му понуди многу продавници каде што можел да пазарува, неколку анови да јаде и да преспие и два амама каде можел да се избања и релаксира.

Чифте амам е историски објект во Старата скопска чаршија кој е изграден на 15 век од страна на Иса Бег. Тој претставува дворче, каде некогаш биле сместени јавните бањи ( тоалети) за посетителите на чаршијата. Сега, Чифте амам го задржува своето историско значење и го оживува богатато минато на овој дел од Скопје.

Со својата архитектура, Чифте амам привлекува многу посетители, како место за уживање во богатството на културата и историјата на овој регион. Овој прекрасен комплекс претставува еден од симболите на Старата скопска чаршија и ја нуди можноста на луѓето да се запознаат со традициите и наследството на овој град.

Организирање на културни манифестации и настани во Чифте амам допринесуваат за промоција на културното богатство и привлекување на туристи и посетители од сите страни. Овој објект е симбол на историското  и важен дел од националното културно наследство.

Денес претставува споменик на културата, во кој е сместена уметничка галерија.

Вреди да се напомене дека Чифте амам од пред неколку дена е храм на уметноста, на чии камени ѕидови и подови се закачени или поставени ремек делата на врвните мајстори на четката и на бронзата од македонската и регионална топ ликовна сцена.

B.Grdanoski / портал – Независен

Поставка која заслужува особено внимание и дигнитет, во чест на голем јубилеј. За 75 години од формирањето на Националната галерија на Македонија (НГМ), симболично, исто толку, 75 слики и скулптури на ликовни капиталци од кои се учи, дипломира, восхитува или збогатува јавната културна сцена или домашната култура.

 

АКТУЕЛНО