ЦУК: Падна дрво во Автокоманда, на бул. „Александар Македонски“ во Скопје

Синоќа на булеварот Александар Македонски близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата Автокоманда паднало дрво, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дрвото, како што соопштија од ЦУК, било отстрането со заедничка акција на Секторот за операции и координација, Министерството за внатрешни работи и ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје.

Од ЦУК не информираа која била причината за паѓање на дрвото.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави