Search
Search

Дислоцирани дивите кампери во Љубаништа

Надлежните служби денеска спроведоа акција за дислоцирање на дивите кампери од плажата во Љубаништа и оневозможување на повторно поставување опрема за кампување на недозволени места во атарот на Националниот парк „Галичица“.

Од Управата на Националниот парк соопштија дека во активностите учествувале екипи на НП „Галичица“, на полицијата и на пазарната инспекција, при што на местото „Рајца“ на самиот брег на езерото биле затекнати околу дваесетина диви кампери. На лице место имало и неколку несоодветно направени септички јами.

-Наредено им е да се дислоцираат, напишани се мандатни казни и соодветни пријави. Во склоп на акцијата беше пуштена и градежна машина булдозер која изврши некои зафати на парцелата во сопственост на РСМ кои понатаму ќе ги оневозможат дивите кампери да се населуваат на тоа место, информираат од НП „Галичица“.

АКТУЕЛНО