Фото/Градска редакција

Дивиот паркинг кај Бит пазар продолжува да „им зема“ пари на граѓаните

Скоро една година откако Јавното обвинителство почна постапка за дивиот паркинг кај поликлиниката Бит-пазар  тој  продолжи да работи, а  лицата ангажирани од неовластени сопственици  продолжуваат да им кешират  по 50 денари на граѓаните и пациентите.

Градска редакција побара одговор од обвинителство да се произнесе до каде се процедурите за паркинзите позади Бит-пазар во Скопје? И дали се преземени некакви мерки за лица кои ги узурпирале овие парцели и им наплаќаат на граѓаните за паркирање? Добивме само еден одговор .

„Предметот е во фаза на предистражна постапка, во рамките на која се преземаат дејствија на проверки и обезбедување докази„ се вели во одговорот на Службата за односи со јавноста во Основното јавно обинителство- Скопје.

После овој одговор Градска редакција побара дополнително да ни дават информации и во врска со две прашања:

Дали и колку лица се изведени пред истражна постапка, и дали е даден налог за стопирање на дејствијата во дивиот паркинг ка поликникита Бит пазар,

За ова прашања до денот на објавување на текстот нема одговор.

Дека со години е узурпиран паркингот позади поликлиниката „Бит-пазар„ во Скопје, Градска редакција предупредуваше и направи прилог за ова тема на 23 мај 2023 година. Имено во сторијата на Градска редакција е потенцирано дека непознати лица наплаќаат за паркирање во јавен простор без никаква дозвола од надлежните. И директорот на поликлиниката Виктор Исјановски  за Градска редакција велеше дека ниту има некаков договор за користење на паркинг местата на Поликлиниката „Бит-пазар„ ниту знае кој се корисниците.

Инаку обвинителството во врска со узурпацијата на државните простори позади Поликлиниката „Бит Пазар“, за која пред извесно време пишуваше Градска.мк, покрена постапка и презема мерки за констатирање на состојбата дури во јуни минатата година.

„Обвинителството оформи предмет и го сподели до надлежниот обвинител. Се преземаат мерки за утврдување на фактите“,стоеше во соопштението на од Обвинителството

Н.Ш

 

 

 

 

АКТУЕЛНО