ДКСК: Поранешен заменик-министер распоредил 189 вработени за време на изборите

Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска информира дека ќе иницираат постапка до надлежен орган против заменик-министер од претходната Влада за донесување на 189 решенија за распоредување на вработени за време на избори, кога се уште бил завршен изборот на Влада.

Според Димитровска, наводите содржани во пријавата за сторени повреди на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интерес и изборниот законик се основани, по што се предлага постапката да се запре.

-ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности и ќе иницира постапка, обелодени првата антикорупционерка.

Од тие 189 решенија, 98 се однесуваат за хоризонталнораспоредување на вработените во Министерството, 68 решенија за унапредување кои имаат финансиски импликации врз буџетот на Министерството. 23 лица уназадил со тоа што им дал решенија со кои им се намалува платата.

Димитровска не го обелодени името на поранешниот функционер и во кое министерство се случиле распоредувањата.

Директор со години применувал тактика тој да ги именува директорите на училиштата и за него ќе биде поведена постапка.

Меѓу предметите и пријави за постапки на извршителите, за претседател на Основен суд, за лица со двојни функции јавниот оглас на здравствена установа во време на избори и негово поништување и други за кои комисијата се прогласи за ненадлежна, ги препрати во други институции и дел стопира и отфрли.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави