Фото: Анадолу Агенција

Кој е виновен за страшните поплави во Дубаи-Вештачкиот дожд или климатските промени?

Силно невреме и обилни дождови, поплавени автопати, улици, домови и аеродроми, прекинати летови и напуштени возила низ улиците е новата слика што во последното деноноќие се појави во луксузниот град Дубаи. Според Националниот центар за метеорологија на Обединетите арапски емирати, за 24 часа Дуаби е натопен со дожд од 25 сантиметри односно со количина на дожд што овој пустински град ја добива во период од речиси две години. Експертите истражуваат дали причина за ова невреме се климатските промени или се предизвикани од последниот „успешен“ проект за вештачки дожд, за кој, како што беше објавено, потрошени биле 15 милијарди долари.

На социјалните мрежи кружат слики и видеа коишто покажуваат како водечките трговски центри Dubai Mall и Mall of the Emirates се поплавени, а метро-станицата во Дубаи е целосно поплавена. Повремено се гледаше како молњите удираат на врвот на Бурџ Калифа – највисоката зграда во светот.

Експертите велат дека дождот е поврзан со поголем систем на бура што поминува низ Арапскиот полуостров и се движи низ Оманскиот Залив. Ова, исто така, носи невообичаено влажно време и во соседниот Оман, како и во југоисточниот дел на Иран.

Според веста објавена на „Њуз18“, Колин Мекарти, кој е експерт за климатските промени, како причлини за појавата на обилните дождови вели дека е поради повеќекратните кругови на интензивни грмотевици што се формираат од топлите води на Персискиот залив.

Други експерти ова го толкуваат врз база на климатските промени. Климатологот Фридерике Ото рече дека е голема веројатноста дека „смртоносниот и деструктивен дожд во Оман и Дубаи бил пообилен поради климатските промени предизвикани од човекот“, како што е цитирано од новинската агенција АФП.

Некои метеоролози и специјалисти за клима посочуваат дека „сеењето на облаците“ може да ги засили обилните дождови во пустинскиот град.

-На Дубаи не му е непозната прашината, но бурата проголта огромна количина прашина токму над областа. Прашината е исто така сеење на облаци, ние го нарекуваме јадра на кондензација, па како може некој да биде сигурен дека вештачкото сеење е одговорно кога прашината во вредност од пустина била суспендирана над главата? праша Џеф Берардели, главен метеоролог и специјалист за клима (Тампа Беј, САД), на страницата на социјалните медиуми X.

Обединетите Арапски Емирати од почетокот на 2000-те години работат на проекти на сеење облаци за да ги зголемат врнежите од дожд како начин за справување со жешкото време кој во летниот период достигнува преку 50 степени целзиусови. Минатата недела овој проект покажа дека можни е да се предизвикуваат вештачки дождови со што овие територии добија дожд од вештачките облавци формирани преку овие проекти за „сеење дожд во облаците“, но останува да се види дали ова страничен ефект од тие проекти и како ОАЕ ќе се справи со страничните ефекти на истот ако тие веќе се реални.

АКТУЕЛНО