Дрво од филмот „Jack the Giant Slayer“ во Чаир!

ФОТО: Градска редакција

Пред дворот на една градинка во општина Чаир има откорнато дрво од земја, и оставено така.

Изгледа огромно. Случајните минувачи истакнаа дека ваквата состојба трае подолго време. Сепак, мора да ја видиме и добрата страна на оваа ситуација.

Можеби властите намерно го оставиле така за да им изгледа на децата како во бајката- филмот „Jack the Giant Slayer” (Џек, Убиецот на Џинови).