Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash

Државниот завод за Ревизија: Семејното насилство e во пораст

Од година во година надлежните регистрираат се поголем број на пријави и случаи на семејно насилство во државата, стои во извештајот на Државниот завод за Ревизија.

Осум од десет жртви се жени, а девет од десет насилници се мажи покажуваат официјалните бројки.

И додека бројките на случаи на насилство растат, бројките на оние кои завршиле на суд опаѓаат.

Па така во секој четврти пријавен случај против насилникот е отворен судски процес но за жал само во 15 отсто од процесите тие добиваат казна, а фрапантен е податокот дека во 2022 година само 1 отсто од насилниците против кои се водела судска постапка за семејно насилство добиле затворска казна.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави