Search
Search

Еди Рама до Франција и Германија достави нацрт за формирање на ЗСО во Косово

Премиерот на Албанија Еди Рама им достави на Германија и Франција нацрт за формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) на Косово.

Веста ја соопшти самиот тој, пренесува Национале. Нацртот го испратил вчера.

„Вчера на претседателот Макрон и канцеларот Шолц им препратив нацрт на ЗСО, за што го информирав и Шарл Мишел и американската страна. Станува збор за нацрт на кој долго време работеа американски и европски експерти од највисоко ниво. Нешто што беше направено во случај да дојде до ваков ден“, рече Рама.

„Стрaнките не можат да се договорат кој да го напише овој текст, а не што ќе содржи текстот“, рече тој.

Рама изјави дека тоа е доверлив документ и според него ЗСО ќе биде дел од организирањето на животот на Косово и врз основа на Уставот.

„Моето убедување е дека ниту една од странките не го сака Заедницата и ќе се потруди да го турне до бесконечност, држејќи ја кризата отворена со политички и технички маневри. Од друга страна, секој ден се повеќе верувам дека создавањето на Заедницата е клучот за отворање на вратата за афирмација на Косово во меѓународните институции, признавање од сите, седење во Обединетите нации и сите меѓународни форуми и меѓусебно признавање со Србија“, истакна Рама.

„Изјавите на сојузниците се сè поалармантни. Несфатливо е неподготвеноста на косовските власти, каде очигледно секој изгубен час губитник е Косово„ изјави Рама.

АКТУЕЛНО