Експерт открива кога е премногу студено да го шетате кучето

За време на зимските температури, кои често можат да бидат под нулата, освен на сопственото здравје, треба да внимавате и на здравјето на вашите крзнени пријатели.

Додека шетањето на вашето куче на студ е генерално во ред, сепак ќе треба да преземете дополнителни мерки на претпазливост кога излегувате во најстудените денови.

Експертката Лорна Винтер, советува на која температура е премногу студено за да го шетате вашето куче на отворено, пишува „Метро“.

„Доколку температурата е околу минус пет или пониска, најдобро е да ги чувате вашите миленици на затворено или да излегувате многу кратко. Затоа што ако на вас ви е ладно, најчесто и на кучињата им е ладно“, изјави Лорна Винтер.

Се разбира, сите сме виделе многу слики од кучиња кои уживаат во снегот, особено хаски, но некои раси на кучиња реагираат полошо на студот од другите. Општо земено, поголемите кучиња со подебело и двојно крзно подобро поминуваат на снегот. Додека пак, расите кои имаат пократко влакно и помала градба потешко се справуваат со студот.

Лорен вели дека чизмите за кучиња можат да помогнат во некои ситуации, но не треба премногу да се потпираат на нив.

„Земете им облека. Без разлика дали ќе се одлучите за едноставен џемпер, палто или нешто друго, тоа ќе му помогне на вашето куче да остане затоплено кога е надвор“, додава Лорна.

Исто така, ако не можете да обезбедите топла соба за кучето во вашиот дом, погрижете се да има доволно ќебиња или поголеми перници, душек, за да не лежи на ладен под.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави