ВИДЕО Голем пожар во Белград, гори трговски центар, одекнуваат експлозии

Во Белград гори голем трговски центар. Станува збор за таканаречениот кинески трговски центар. Во тек е евакуација на сите луѓе бидејќи се стравува од експлозии на плински боци.
Пожарот избувнал нешто пред седум часот.

Огнот голта сѐ пред себе, пишува Телеграф. Со пожарот се борат три хеликоптери и многу пожарникари. Според Телеграф, има над 50 пожарникари и 15 возила. Огромен црн чад се издигна над градот.

Полицијата ги евакуира сите што се наоѓаат во близина на Кинескиот трговски центар поради експлодирањето на плинските боци што ги има во самата зграда.

Во блокот 70, каде што се наоѓа центарот, постојано одекнуваат експлозии, објави Б92.

На секои две до три минути се слуша нова експлозија. Според неофицијални информации од луѓе што се во близина, од десната страна има локали, кои имаат по дваесетина плински боци. Овие експлозии се многу опасни и ја отежнуваат работата на противпожарните бригади.

Голем пожар утрово избувна во кинескиот трговски центар во Блок 70 во Нов Белград, потврди МВР за Еуроњуз Србија.

Началникот на Секторот за вонредни состојби на српското МВР, Лука Чаушиќ, за ТВ Прва изјави дека пожарот бил пријавен во 6 часот и 57 минути и дека екипите пристигнале за само неколку минути, но дека пожарот веќе бил разгорен.

 

Тој истакна и дека има големо количество запалива материја и дека тешко дека ова ќе се спаси.

„Се надевам дека нема да има човечки жртви, се слушаат експлозии, се обидуваме да ги убедиме луѓето да не влегуваат за да си го спасат имотот, ситуацијата е сложена“, изјави Лука Чаушиќ.

 

 

Во градот се слушаат експлозии, објави Б92.

На терен се 13 противпожарни возила и 46 пожарникари.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави