Search
Search

Фон дер Лајен во недела на средби со власта, но не и со опозицијата

Шефицата на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен во недела пристигнува во Скопје. На агендата што  ја објавија од Брисел предвидени се средби со државниот врв, ама не и со опозицијата. Најпрво со претседателот Стево Пендаровски во недела, а во понеделник и со премиерот Димитар Ковачевски. Од Владата посочуваат дека  средбата не била во насока да се врши притисок врз опозицијата за да го смени ставот за уставни измени, туку да се разговара за потребните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добие земјава како помош од ЕУ

Дека нема предвидена средба со опозицијата веќе потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вели дека ставот за уставните измени не е променет, но секој добронамерник кој бил заинтересиран за состанок со него е добредојден.

Како дел од четиридневната турнеја, шефицата на ЕК, по Скопје ќе отпатува и во Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

 

АКТУЕЛНО