Search
Search

Галетановски за Градска.мк: Скопје е слаба точка на сите скопјани која требаше да биде метропола

Поранешниот директор на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски, во интервју за Градска.мк зборува за сегашната состојба во ова омилено катче за децата, за инвстициите кои беа направени, за хуманиот третман на животните и за Скопје како метропола.

– Додека бев менаџер на зоолошката градина успеавме рекордно да ја зголемиме посетеноста, да ги изработиме сите проекти кои ги ветивме, донесовме многу нови животни за првпат во нашата држава, а децата добија омилено место за секојдневни прошетки. Зоолошка градина Скопје стана најпосетена институција во државата, но имавме гости и од другите држави, го отворивме и најзелениот Дино Парк со најмногу диносауруси на Балканот со преку 400 дрвjа и садници. Успеавме да средиме делови од градината кои со години не биле санирани, ги исчистивме езерата после 13 години, ја отворивме Бејби Зоо и направивме живеалишта за фламинга и пингвини по светски стандарди, вели Галетановски.

Тој додава и дека една од целите била Зоолошката градина да стане дел од   ЕАЗА – Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми, за која од ЗОО Скопје се уште се немаат огласено со детали, и дека е огромна штета што сме го загубиле кандидатскиот статус, посебно бидејќи пред да замине од функција, голем дел од условите за членство во асоцијацијата биле исполнети.

 

-Ние сме кандидат од 2006 година, и јас стигнав до последниот скрининг, го закажав. Но, бидејќи поднесов оставка, а во меѓувреме ги доградивме живеалиштата за шимпанзата и за фламингата и пингвините, со дино паркот, ние исполнивме голем дел од условите за влез во ЕАЗА. Исфрлањето како член кандидат значи дека немаме право да аплицираме наредните осум години, и не смееме да соработуваме со ниту една зоолошка, дури и со таа во Белград, бидејќи и тие се кандидати. Најголема штета е што со влез на Скопје во ЕАЗА зоолошката ќе беше независна од буџетот на Град Скопје и ќе се градеа нови проекти, појаснува тој.

Инаку, во јуни скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Кандидатскиот статус на кој се работеше 10 години бил изгубен поради неисполнување на низа обврски зададени од ЕАЗА. Конечната одлука за ова паднала по скандалозното крвничко колење на десетина коњи и мазги кои преку ноќ беа донесени во скопската зоолошка.

Во јули, пак беа отруени три коња кои беа по потекло од Монголија, а во скопската Зоолошка биле донесени од Австрија како донација од компанијата „Сафари Македонија“.

Неодамна, жирафата Каспер, долгогодишен омилен жител на ЗОО Скопје, угина од инфекција „салмонела“. 

Галетановски додава дека ја посетил зоолошката градина два пати во изминатиот период бидејќи е близок со вработените кои му се и пријатели, но не му се допаѓале некои работи што ги видел но се надева дека ќе се поправат.

– Голема трагедија е угинувањето на коњите и најмногу ме погоди што тој отров им е даден од луѓето од внатре, а замислете трагедиајата би била уште поголема ако од овој отров се затруеле деца кои во моментот биле на посета, вели тој.

Дали Скопје може да биде Метропола?

-На Скопје му фали Луна парк, а првичните замисли на поранешното раководство беа тој да биде готов досега, но како што гледам уште не ни започнат од страна на градоначалничката Арсовска и новото раководство. Во однос на другите активности кои ги нуди градот, ние пред се имаме проблем со културата не знаеме да ги цениме нашите локали, места за излегување и нашите изведувачи, а проблкем за промена на животот направија социјалните медиуми и животот во периодот на пандемијата, па младите ја изгубија навиката да се сретнат на кафе, вели тој.

Галетановски вели дека Скопје е слаба точка на сите скопјани, која требаше да биде метропола, но дали е ќе покаже времето и се надева дека сите заедно ќе работат и на културата и на животот во Скопје, а граѓаните малку повеќе внимание да обрнат внимание на чувањето, на хигиената на градот.

Соња Танеска

 

 

АКТУЕЛНО