фото/општина Чаир

Ганиу во акција, со моторен косач низ зелените површини во Чаир

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу со моторен косач заедно со сезонските работници на терен низ зелените површини на општината. За иронија или не фотографиите објавени од општина Чаир се само во паркот пред општинската зграда. На социјалните мрежи граѓаните постојано објавија фотографии од паркови и тротоари каде тревата растела и до еден метар.

Фото/општина Чаир

„Продолжуваме со уредување и одржување на зелените површини во општина Чаир. Денеска градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу заедно со сезонските работници презедоа акција пред општинскиот објект. Ваквите активности ќе ги продолжиме и во наредните денови во секој дел од нашиот сакан Чаир„ се вели во објавата на Фејсбук на општина Чаир.

Фото/општина Чаир
Фото/општина Чаир

АКТУЕЛНО

Поврзани објави