Search
Search

Граѓаните се загрижени, Скопската чаршија не го добива доволното внимание од институциите

Старата скопска чаршија е како сираче со три мајки коментират граѓаните, од кои никогаш не ја зeма соодветната грижа и внимание која ја заслужува.

Факт е дека последно време e заживеана и има доста посетители, граѓаните во анкетата која ја реализираше  Градска редакција велат дека чаршијата е запоставена  и го нема доволното внимание на институциите. Според нив чаршијата го нема некогашниот сјај и треба да се прават напори да не се игуби автентичноста која ја имаше.

Наводно надлежен за чаршијата е државата, Град Скопје, и Општина Чаир, во некои делови и Општина Центар.

Чаршијата која ја обожуваат сите, е место каде многумина секојдневието одбираат да го поминуваат времето низ малите кафеани и идејќи по калдрмата на многуте улички кои се поврзуваат едни со други и треба повеќе внимание.

Со Законот за Старата скопска чаршија донесен од страна на Собранието на Република Македонија на 13 октомври 2008, чаршијата била прогласена за културно наследство од особено значење и оттогаш е под трајна заштита на државата. На почетокот од 2010 година, започна да се спроведува петгодишна програма за ревитализација на чаршијата, која има за цел обновување на објектите, поддршка на занаетите, како и постигнување економски и културен развој на просторот на чаршијата.

Н.Ш

АКТУЕЛНО