Search
Search

Граѓанин со видео до Градска: Турбулентно во 58-ца на ЈСП

Ако мислите дека само кога сте во авион ќе ги доживеете „немирите“ од турбуленции на висина од 9.000 метри, би се излажале.

Ова може да се случи и додека сте во автобус на ЈСП во Скопје, односно 58-ца.

Можеби нема да се плашите од турбуленции како да сте во авион, но тоа сигурно ќе ви го иритира желудникот.

Да не зборуваме за нечистотијата во автобусот.

Еден граѓанин испрати видео до редакцијата на Градска.мк од кое се добива впечаток дека столчето на автобусот од толку вибрација како да сака да се откорне од автобусот. Другите столчиња се искинати.

Тоа е или поради несоодветните патишта, или поради староста на автобусот.

Оставаме на вашата имагинација да процените која е вистината

АКТУЕЛНО