Граѓаните за градоначалникот на Бутел: Ќе градел нови паркови, а не може тревата да ја искоси

Јавните површини, паркови, тревници и детски игралишта низ скопските општини се целосно обраснати со висока трева. Во општина Бутел состојбата е уште покатастрофална. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи дека ниту „Паркови и зеленило“ ниту градоначалникот се заинтересирани да ги уредат дрворедите и тревниците.

-Откако стапи на оваа функција, не ги видовме жолтите елеци на Хо Ши Мин, волонтерите кои за ситна пара, ги чистеа уличките, ја шишаа тревата на тротоарите, ги собираа лисјата, за веднаш после нив поминат службите и го соберат сметот, коментираат граѓаните на социјалните мрежи за работењето на градоначалникот на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.

Тие предупредуваат дека доаѓа лето, ќе фатат горештини, а покрај неискосените треви и депониите се извор на непријатна миризба и зарази.

Граѓаните се прашуваат како може истиот градоначалник да ветува нов парк во општината кој ќе се протега на површина од 2000 метри квадратни, а и нов плоштад на 500 метри квадратни, а не може да ги среди тековните проблеми.

– Ќе гради нови паркови а не може да ја искоси тревата во цела населба, коментираат граѓаните.

Пролетните дождови, сонцето, но и очигледното отсуство на општинските служби придонесоа детските катчиња и маалските паркови да бидат претворени во мали џунгли во речиси сите населби во Скопје, со голема опасност од појава на змии и други влекачи.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави