Search
Search

Градска редакција пред 5 месеци предупредуваше за паркингот кај поликлиниката „Бит-пазар“

Дека со години е узурпиран паркингот позади поликлиниката „Бит-пазар„ во Скопје, Градска редакција предупредуваше и направи прилог за ова тема на 23 мај ова година. Имено во сторијата на Градска редакција е потенцирано дека непознати лица наплаќаат за паркирање во јавен простор без никаква дозвола од надлежните. И директорот на поликлиниката Виктор Исјановски  за Градска редакција велеше дека ниту има некаков договор за користење на паркинг местата на Поликлиниката „Бит-пазар„ ниту знае кој се корисниците. Тој меѓудругото истакна дека или општината или градот ги дале на користење.

Овие денови повторно се актуализираше ова прашање со тоа што МВР информира дека во близина на Јавната здравствена установа – поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности” по чл.225 и кривично дело „бесправно градење” од чл.244-а од КЗ.

На лице место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО