Хеликоптерот на МВР исфрли над 10 тони вода врз пожарот кај Белица

Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар близина на село Белица, општина Македонски Брод, упати хеликоптер од типот Бел 412.

Полицискиот хеликоптер Бел  412, во координирано постапување со противпожарните единици, дејствуваше на многу висок и непристапен терен, каде беше опожарена борова и нискостеблеста шума, при што исфрли над 10 тона вода и помогна во локализирање на еден крак од пожарот.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави