Фото/ЦУК

Вардар се излеа во с. Раотинце, Општина Јегуновце

Според последните вечерни информации има известување до ЦУК дека опасноста од надојдената вода во Општина Јагуновце по намалувањето повторно е присутна, повторно има прилив на вода. Конкретно, излеаната вода на р. Вардар во с. Раотинце, Општина Јегуновце повторно надоаѓа.

ЦУК известува дека пртседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви и површина се поплавени и куќи од селото. Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на с. Раотинце. Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото.

Предходно ЦУК известиваше дека последното мерење на нивото во 18.30 ч. на р. Вардар кај Демир Капија е 260 см, што е за околу 30 см зголемено од утринското мерење во 07.00 часот.

Засега нема опасност од излевање. За да дојде до излевање во долниот дел од течението, од с.Удово – с.Марвинци и Гевгелија, нивото треба да се зголеми на 350 см.
 
https://www.facebook.com/CUKnaRSM/videos/821013886108656

АКТУЕЛНО