Search
Search
Фото/Град Скопје

Каде е меѓуопштинската соработка? Општина Бутел не му даде место за пречистителна станица на Чучер Санедево

Во Општина Чуечер Сандево Скопско во тек е проект за изградба на канализациона мрежа која ова општина никогаш ја немала, со овој проект предвидено е изградба и на пречистителна станица која според Градоначалникот на општина Чучер Сандево. Сашко Комненовиќ не нашол разбирање од градоначалникот на општина Бутел за да оваа пречистителна станица се постави во ова соседна општина.

„Со општина Бутел немаме никакви недоразбирања за овој проект затоа што таа општина не учествува во овој проект. Претходно, претходниот градоначалник на Чучер Сандево се договориле со општина Бутел за да го прават проектот но не успеале. Од кога јас станав градоначалник појдов во општина Бутел му побарав само место за пречистителната станица на градоначалникот кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, но не ми даде, па ние се снајдовме сами, најдовме место со помош на Црквата, и сега го правиме сами, и водоводната мрежа, канализацијата и пречистителната станица е во наша територија,  рече за Градска редакција Сашко Комненовиќ, градоначалник на општина Чучер Сандево.

Тој не информираше и дека во тек е изградба и санација на вововодната мрежа во делови на ова општина поради секојдневните дефекти.

„Цела инвестиција се наоѓа во општина Чучер Сандево , немало целосна канализација досега, водоводна мрежа има, таа е стара е дотраена, и затоа што постојано имало проблеми и поради постојаните јавувања на секој два дена дека има дефекти во водоводните мрежи, и ова е проект на градски водовод и тие го прават проектот „ рече Градска редакција Комненовиќ градоначалник на општина Чучер Сандево.

Инаку пред неколку дена градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со екипи од скопските јавни претпријатија и градоначалникот на општина Чучер Сандево, извршија увид во отпочнувањето на проектот за водоводна мрежа на потег од 1 километар на улицата Бел Камен во Чучер Сандево, проект кој се реализира со меѓуопштинска соработка.

Н.Ш

АКТУЕЛНО