Search
Search

Кампањата за ЕУ почна во манастирот Пантелејмон, реновирањето платено со европски пари

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во рамки на Кампањата „Ние сме Европа“, го посети еден од најстарите манастири во скопскиот регион, манастирот Свети Пантелејмон, во кој беа вложени европски средства за целосно реновирање на ѕидините и амбиентот околу него.

Вицепремиерот Маричиќ во изјавата дадена при посетата на манастирот рече дека македонското културно наследство, македонскиот идентитет, македонскиот јазик се дел од европското наследство и дека ЕУ тоа го признава, верификува и вложува во нивна заштита.

-Тоа нè прави дел од европското културно и духовно наследство, но тоа покажува дека Европската Унија се грижи зачувување и развој на културното и духовното наследство не само на своите народи, туку и на државите кандидатки, рече Маричиќ, порачувајќи дека треба да сме горди на нашето културно и духовно наследство, да работиме на негово зачувување и да направиме напори влеземе во Европската Унија што побрзо бидејќи како што рече вицепремиерот ЕУ е подготвена уште повеќе да вложи во заштита и развој на македонското културно и духовно наследство.

Реконструкција и реставрација на конаците кои беа парче од манастирскиот мозаик во комплексот Св. Пантејлемон на Водно, беше завршена во јануари 2021 година.

Во јуни 2017-тата година беше објавен првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово,а дел од оваа програма е и ресконструкцијата на манастирот Св. Пантејлемон.

Во рамките на овој јавен повик на располагање беа 2 милиони и 40 илјади евра од страна на Европската Унија за проектите за двете држави. Кофинансирањето во висина од 15% од искористените средства и за овој јавен повик ќе ги обезбеди Министерството за локална самоуправа.

Можеа да аплицираат невладини организации, општини, Центрите на планските региони, универзитети, училишта, бизнис асоцијации и други непрофитни субјекти од Полошкиот, Скопскиот и од Североисточниот плански регион. Средствата беа наменети за проекти во две области:

-Конкурентност и развој на мали и средни претпријатија. За оваа област се наменети 1 милион евра,

-И вториот милион за проекти за поттикнување на туризмот и културното и природното наследство.

До 2020 година, за имплементација на Програмата за прекугранична соработка со Косово на располагање беа вкупно 8,5 милиони евра.

За овој проект, аплицираше локалната власт, а Министерството за локлна самоуправа заедно со Бирото за регионален развој одобри 6 милиони денари бидејќи Св. Пантелејмон е дел од нашето културно наследство, а е од особена важност за општина Карпош и е главен симбол на општината за што говори и фактот дека во самиот грб на општина Карпош е вметната ѕвездата од манастирот Св. Пантелејмон.

Замената на столаријата (дрвени врати и прозори), секако проследена со внатрешно уредување и пренамена на одредени простории, менување на подот, но со задржување на стариот стил т.е поставување на бродски под, реконструкција на тоалетите и поставување на нова електрична инсталација во конакот, нов систем за вентилација, нов противпожарен систем за дојава на пожар кој е од големо значење за сигурноста и безбедноста на просториите и самиот манастирски комплекс, се  интервенциите со кои се  враќа автентичноста на внатрешниот простор и секако ќе се задржи автентичноста на надворешниот изглед на манастирскиот конак.

Идејата е овој комплекс да се изреновира согласно насоките од МПЦ и да стане уште едно монашко светилиште, со кое ќе можеме да се претставиме пред туристите кои ја посетуваат државата.

Во завршна фаза се конзерваторските и реставраторски работи на главниот конак на Свети Пантелејмон.

Манастирот, кој во поновата историја беше познат како ресторан каде што се правеа свадби и веселби, сега тежнее да го врати вистинскиот дух на црковен духовен центар во скопската околина. Откако беше изграден комплексот „Македонско село”, а со тоа и дислоциран ресторанот од манастирот, Синодот на МПЦ ја почна иницијативата за заживување на овој манастир, како вистински духовен центар со монашко братство.

Св. Пантелејмон е заштитник на лекарите, во доцните 70-ти од минатиот век бил направен обид за нејзино впишување на листата на културни наследства на УНЕСКО, за жал тоа не се случило. 

АКТУЕЛНО