Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

Канцеларијата на „Градски паркинг“ во Карпош преселена кај Млечен ресторан

ЈП „Градски паркинг“ ја пресели канцеларијата во Карпош, која до неодамна се наоѓаше кај Агенцијата за катастар, на нова локација.

Карпошани кои имаат потреба од услугите на ЈП „Градски паркинг“ од овој месец за сите прашања поврзани со зонското паркирање, кое постепено се воведува на територијата на оваа општина, можат да ги посетат работните простории на претпријатието сместени на улица Борка Талески број 67, позади Млечен ресторан.

Канцеларијата е отворена секој работен ден во периодот од 8 до 20 часот и во сабота од 9 до 17 часот. Граѓаните за сите информации можат да се јават и на телефоните 070 309 144 и 02 305 1324 или на меил: kancelarija.karposh@gradskiparking.com.mk.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави