Izvor: Vecer.Press

„Вело Родео 2024“ во организација на „Eco – Logic“

На 18 мај во Градскиот парк кај Школка ќе се одржи настанот „Вело Родео 2024“, во организација на „Eco – Logic“.

Настанот ќе започне во 10 часот, а ќе содржи возење на вело полигон, ќе има многу забава, игри со лего коцки, еко експерименти, ликовна работилница,читање книги, како и извиднички игри.

Како што истакнаа од „Eco – Logic“ целта на настанот е промоција на велосипедизмот и здравите навики кај децата.

– Освен велосипедизам, промовираме и креативно изразување, еколошко образование и морални вредности – нагласуваат од „Eco – Logic“.

 

Извор: Вечер Прес

АКТУЕЛНО

Поврзани објави