Search
Search

„Каснувањето“ од кучиња скитници стана добар бизнис за некои луѓе, вели Бојкоски

Уличните кучиња не се проблем само за Скопје, туку и за останатите градови во Македонија, меѓу кои е и Битола. Тоа го потврди и заменик-градоначалникот на општината, Бојан Бојкоски.

Бојкоски вели дека каснувањата од улични кучиња станале добар бизнис за некои луѓе во општината.

– Тврдам дека во Битола има организирана група која работи во болница и адвокати кои прават криминал. Тие им се јавуваат на луѓето кога ќе ги каснат кучињата скитници уште не излезени од болница и им нудат да им бидат адвокати. Ги повикуван надлежните институции да го истражат овој случај, кажа Бојкоски.

АКТУЕЛНО