Search
Search

Кучето Роти сега доби семејство и дом какви што заслужува

Кучето Роти доби семејство и дом какви што заслужува. Тоа беше едно од четирите кучиња кои беа пронајдени од тимот на „Лајка“, врзани на јавна површина и оставени на милост и немилост во општината Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие „Лајка“ информираат дека Роти и три „ротвајлери“ го поминале хуманиот третман во стационарот и со помош на негувателите кои секојдневно работеле со нив, успешно се ресоцијализирале.

Оттаму се надеваат дека и останатите три кучиња ќе ја имаат среќата на Роти и ќе добијат нов дом каде што ќе имаат долг и весел живот.

Од претпријатието ги охрабруваат граѓаните да дојдат кај нив и да вдомат миленик.

АКТУЕЛНО