Search
Search

Кустосот Ленче Јованова е жената која ја прегази багер во Скопје

Жената која ја прегази багер на улицата Јордан Мијалков била археолог. Македонското археолошко друштво со соопштение се прости од својата колешка Ленче Јованова. Колегите ќе ја паметат по нејзината работа на римската материјална култура, како врвен професионалец кој посветено ја промовирал македонската култура во светот.

Еве што тие напиша:

„Со големо неверување ја примивме веста дека нашата колешка Ленче Јованова во текот на вчерашниот ден во немил настан на 66 годишна возраст го загуби својот живот.

Ленче Јованова беше долгогодишен член на Македонското археолошко друштво и кустос советник во Музеј на град Скопје. Таа остави длабок и неизбришлив траг во македонската археологија истражувајќи ги културните хоризонти на античкиот град Скупи. Нејзиниот интерес беше насочен кон проучување на римската материјална култура.

Автор е на бројни изложби, каталози, статии, студии, а особено се значајни монографиските изданија Скупи – Colonia Flavia Scupinorum; Скупи – некрополи : стории за истакнати личности според епиграфски и археолошки сведоштва; Скупи: сектор југоисточен бедем и комплекс терма – базилика со атриум.

Ленче Јованова засекогаш ќе остане во нашите сеќавања како врвен и искусен професионалец кој со огромна посветеност го промовираше македонското културно наследство во земјава и светот“, велат од Македонското археолошко друштво.

Погребот е закажан за утрешниот ден.

АКТУЕЛНО