Search
Search

„Лајка“ ќе заловува улични кучиња во неколку скопски населби

ЈП „Лајка“ известува дека од 3 јули 2023 година ќе почне со стратешко заловување во општина Аеродром.

– Нашиот тим на заловувачи оваа недела (03-07 јули) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово, информираат од „Лајка“.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман.

АКТУЕЛНО