Search
Search

Малолетник фрлил петарда во дом на старец во Кисела Вода и го запалил

Денеска, во полициска станица, во присуство на родител, претставник на центарот за социјални работи и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје.

Тој се сомничи дека на 23.01.2024 околу 17 часот на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на пиротехнички средства, предизвикал пожар во куќа сопственост на Б.Т.(70) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АКТУЕЛНО