Маричиќ: Скапа заблуда е дека може да се репреговараат Преспанскиот договор и Преговарачката рамка за влез во ЕУ

Ние Преспанскиот договор сме го преговарале во едни многу тешки услови по десетгодишен период на блокада и на штетни чекори од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, да не заборавиме оној процес со антиквизација, билдање на еден наратив кој што сосема не одговара на нашиот народ и дојдовме во ситуација во која во многу потешки услови моравме да постигнеме таков компромис, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Слободен печат.

„Многу прашања беа тема на разговори, нам ни беше многу побитно да го зачуваме македонскиот јазик и да го увериме во тој договор, да влезе во ООН. Многу ни беше важно придавката македонски да ја користиме како што ја користиме и многу ни беше важно да немаме потреба од ревизионизам во топонимите на градовите, во називите на некои симболи и во тоа успеавме. Во еден тежок компромис мора да определите што ви е приоритет. Нашиот приоритет беше македонскиот идентитет, македонскиот јазик и тоа што ќе ни донесе членство во НАТО и ЕУ. Тие договори тешко се репреговараат.

Не можете да смените само еден дел е сега ќе бараме да се смени рокот од 5 на 10 години рокот за пасоши. Тоа значи отворање на целиот пакет бидејќи тоа било договорено во пакет“ рече Маричиќ.

Истото, додаде тој важи и за Францускиот предлог.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ мисли дека условите за кои што треба да ги преговараме Бугарија дека треба да имплементира пресуди од Стразбур и да ги внесе Македонците во Уставот на Бугарија, тоа се нереални очекувања кои нас ќе не донесат во заблуда и 10 годишен тунел. Минимум 10 години тунел на повторно преговарање надевајќи се на подобар договор кој никогаш нема да дојде. Заблудите на ВМРО-ДПМНЕ скапо сме ги платиле во минатото и ако зборуваме веќе за вистинска љубов кој својот народ и татковината треба да бидеме искрени кон својот народ и татковината и да кажеме дека со заблуди и со лажни планови нема да ги донесеме нашите граѓани на подобро место или в подобра точка од оваа што сме сега“ посочи Маричиќ.

Тој истакна дека признавањето на македонскиот јазик на ниво на ЕУ го имаме во преговарачката рамка, таа преговарачка рамка е усвоена, ние почнавме со преговорите и сега треба да ги завршиме останатите обврски за да продолжиме понатаму.

„Враќањето сега во некакво репреговарање е само скапа заблуда која што скапо ќе не чини“ заклучи Маричиќ.

Повеќе од интервјуто со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ погледнете во видеото во продолжение..

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави