Фото - Gerhard-Schreiber

Марковски за Градска редакција: Скопје е раскрсница и мозаик, жив организам и отворена книга

Васко Марковски, со чантата на грб се движи низ Скопје со своите туристички тури како водич покажувајќи им го градот што го сака на тие што допрва ќе го засакат. Тој за Скопје вели дека е жив организам и отворена книга. Некогаш паѓаме, некогаш стануваме, некогаш сме поубави, некогаш сме мамурни. И Скопје исто така е книга која што цело време дава нови можности на креативно размислување и изразување. Тој Скопје го опишува во два збора: раскрсница и мозаик. Мозаик од разни култури, искуства, вредности што сите владеења на градот ги оставиле зад себе.

Лубопитно дете од 50 години

Марковски, патеписец, фотограф, писател, новинар, литературен преведувач, музичар и автор на четри книги, со завршени студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност за себе вели, дека е едно љубопитно дете од 50 години, а градот го отсликува како „се околу нас е иснпирација за уметност, и луѓето, и природата и она што е создавено од човекот“.

На прашање на Градска.мк како реши да студира турски јазик, тој кажува дека е растен во едно маало каде што прилично беше шарено од различни етнички и верски потекла. Во населбата Дексион на последна населба пред Сарај,  каде што во близина имало турско маало, „сето тоа си правело нешто во умот кај мене“, раскажува Марковски, за да се реши да студира турски јазик.

Марковски пред да почне со студиите не знаел ниту еден збор на турски, но се сеќава на една интересна работа на првите часови на студиите.

„Еден од професорите ни вика дали некој од вас зборува турски, одговоривме со не. Добро! Ајде да видиме. Утрово кога се разбудивте што направивте за да видите како е времето? Погледнавме низ пенџере, аха пенџере. Што има пенџерето, има џам. Си напиевте нешто? Па да, кафе. А кафето во што го подготвивте. Во џезве. Во што го испивте? Во филџан. И ете колку зборови ги знаете на турски и не сте свесни, ни кажа професорот.

Фото – Виктор Поповски

Случајно во новинарството – Пишување на серијалот „Непозната Македонија“

„Во новинарството повеќе или помалку влегов случајно.  Кога завршив студии, нешто не бев импресиониран во каква состојба е новинарството кај нас во тоа време. Зборуваме за 2001-02 година, макар што како студент претходно имав искуство со новинарството„ раскажува Марковски.

Тој уште како студент имал две радио емисии во две различни радија во 90-те години, а по тоа му се отвора можност да работи во Македонското радио – програми за иселениците.

„Беше откривање на еден друг свет, надвор од границите на државата и останав долго време„ се присетува Марковски.

„Новинарскиот пат ми беше од радио во печатени медиуми и мултимедија. Бев во неколку дневни весници, бев во два-три неделници, еден месечник и бев уредник на еден месечник кој што се обраќаше на странските гости во Скопје и Македонија објавуван на англиски јазик, така што во тоа време почна моето пишување на репортажи. Секој петок морав да имам идеја што ќе правам, да излезам на пат и така почнав да го напишам серијалот „Непозната Македонија“ каде главно се објавуваше во неделникот „Форум“ во тоа време и во месечникот „Free Time Guide – Macedonia“.

Марковски во својство на главен уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“ e награден и со признанието „Најдобар промотор на Македонија“ за 2010 година каде што вели дека пред се тоа е плод на четри години на пишување на репортажи каде што подоцна стана јадрото на овој месечник „Free Time Guide – Macedonia“.

„Веќе имав уредувачко искуство од предходните работења како новинар и ми беше доверено да го составам концептот на тој месечник и да бидам уредник на тоа. Во тоа време се појавува иницијатива „Macedonia loves you“ иницирана од еден полски консултант кој што беше со престој во Македонија. И тој реши да придонесе за промоција на Македонија како туристички – бизнис  дестинација преку доделување на награда како најдобар промотор на Македонија. Се доделуваше награда за различни категории, а јас бев награден за двојното својство и како автор на репортажите на „Непозната Македонија“ и како уредник на „Free Time Guide – Macedonia“

А на прашањето на Градска.мк што претставува ова награда за него тој рече дека ова награда го охрабрило за подоцна да реши да биде туристички водич.

„Состојбите во едно време беа многу добри за мене, значи успеав да изградам доверба кај куќите каде што работев и да бидам добро платен, но новинарството знае да биде и нестабилно, и преку ноќ да останеш без работа. И кога останав без работа, вклучително и како уредник на „Free Time Guide – Macedonia“, иако беше самоодржлив финански магазин решив дека сега нема да не плачаме, и направив самоанализа за тоа што имам да понудам на пазарот и почнав еден блог „добри вести.мк“ кој што на некој начин беше мегдан да ги прикажам секојдневно работите кој што знам да ги правам“

Автор на четри книги – мeѓу кој и на „Урбани легенди“

Васко Марковски е автор на четри книги, мeѓу кој и на „Урбани легенди“, кој по многу свои нешта е вредно и необично остварување во доменот на хроничарска литература. Ваквиот вид хроничарски записи не се многу чести кај нас. Тој факт зборува дека самиот овој жанр е доста комплексен и специфичен.

 

 

„Кога уредништвото реши да го прекине серијалот „Непозната Македонија“, урбани легенди беше нешто што ме заинтересира и се посветив. Идејата беше да биде серијал кој што ќе објавува приказни поврзани со места, личности и феномени на градското живеење во нашата земја“.

Тој раскажува дека после објавените неколку епизоди од серијалот полека-полека читателите почнале да стануват иницијатори на приказните што настанувале, но и извори на информации. Вкупно биле 45 епизоди, кажува Марковски, кои ги објавил како серијал.

Урбани легенди за автобусот „Лејланд“, за клучарот Мирко…

На прашањето на Градска.мк да ни раскажува повеќе за овие урбани легенди, Марковски се осврна на автобусите „Лејланд“ каде што го поминал детсвото во нив.

„Едни навидум скромни непретенциозни во изгледот автобуси, ама многу шармантно беше возењето во нив. Автобус на ЈСП, кој што беше многу користен во 1970-80 години. Сакав да ја истражам историјата на тие автобуси, и истражувајќи најдов дека еден таков автобус постои во возна состојба и ЈСП го издава, односно го рента, и тоа ми беше така една од по убавите доживувања составајќи ги тие приказни“.

Марковски ни раскажа и други урбани легенди кој што човек за прв пат ги слуша. Кажува за престојот на композиторот Вагнер во Битола, за куќата-замок во Пржино, за клучарот Мирко и така натаму.

Фото – Семејната архива на семејството на клучар Мирко Илиевски

„На пример во Битола има една куќа каде што се тврди дека некогаш во неа преноќил германскиот композитор Рихард Вагнер,  во едно маало до Саат кулата. Тоа е цврсто не потврдена приказна, ама има сведоштва каде што кажуваат дека е многу веројатно тоа да се случило. А поводот бил еден ученик на Вагнер по музика во Австрија со потекло од Битола, од Битолското семејство Лала. На пример непостоечката куќа во Пржино за кој што имаше приказна дека е опседнато од духови и вампири. Сега веќе таа не постои но успеав да најдам човек што живеел во таа куќа, кој што не е анонимен. Тој беше презентер на вести на Македонската радио телевизија десетина години. Такви изненадувања имаше. Кога ќе почнеш да распрашуваш луѓето ќе ти најдат трага. Потоа интересна ми беше приказната за клучарот Мирко во Старата чаршија, на пример во приказната за него интересна ми беше како успеал да ги отвори сефовите на Народната Банка по катастрофалниот земјотрес во Скопје“.

Назми Абдурахмани

 

 

 

 

АКТУЕЛНО