Туристичкиот водич Марковски: Соживотот во Македонија ги импресионира туристите

Со Васко Марковски како туристички водич, вашето патување низ градот добива нов и восхитителен аспект. Неговите познавање не само на историските факти, туку и на културните богатства, го трансформира обичниот обикол на градот во несекојдневно искуство. За себе вели дека патувањето и репортажите што ги има направено како новинар исто така придонесоа да биде поткован за ова што го работи како водич. Тој вели дека има водено посетители од 76 различни земји во текот на годината.

Туристичкиот водич Марковски за Градска.мк раскажува за предизвиците што ги има, за впечатоците на посетителите, и нивните најчести прашања. Тој вели дека градот Скопје може  да научи многу од туристичките водичи поради тоа што тие секојдневно се соочуват со градската инфраструктура.

Фото: Gerhard Schreiber

Кои се најчестите прашања што ги поставуват туристите?

Марковски раскажува дека кога ќе ја поминеме Старата железничка станица им го споменува периодот на поранешна Југославија и земјотресот, и тие се лубопитни каков бил тој период на социјализмот во Македонија. Некои доаѓат и со искуство од веќе други земји кои што биле дел од поранешна Југославија или биле во социјализам или комунизам. И сега сакат да го споредат тоа, сакат да научат каков бил тој период, и како се живеело тука во тоа време. Знаат да прашаат од што е финанциран „Скопје 2014„ како тоа било.

Тој понатаму вели дека често прашуваат и за односите помеѓу различните етнички и верски заедници. Дали имало конфронтаци како што искусиле патувајќи на пример во земји каде што имало такви проблеми.

„Многу ги импресионира тоа што ние сепак успеваме да го зачувуваме мирот и соживотот едни со други. Многу пати ме прашуваат, како ви успева тоа? Викам нека не ве чуди на знамето го имаме сонцето. Сонцето е нешто што секого свети. Што ќе очекуваш од земја што како симбол го има сонцето. Значи им значи тоа на луѓето. Знаат да речат сите луѓе што ги среќаваат се топли, гостопримливи и услужливи и дека секој сака да помогне, нешто што не е секаде“.

Фото: Maja Janevska Ilieva

Запознавање на луѓе од сите краишта на светот

Тој за Градкса.мк вели дека се повеќе сфаќа дека една работа што му се допаѓа во водењето е што запознава луѓе од сите краишта на светот без да патуваа, и тоа во сопствениот град.

„Секој ден е свежо нешто, затоа што не знаеш какви луѓе ќе ти дојдат на турата, со какви интереси. Не е само што им даваш ти на ним кога им го раскажуваш градот. туку и тие ти дават многу назад. Многу интересни луѓе се запознават. Имав еден човек, кој што е израелец а живее во Кјото во Јапонија. Тој е еден од пете најголеми колекционери на олимписки сувенири. Двајца што ми беа на турата на крајот сакаа да испиеме кафе и да го прошириме муабетот, за на крај да ми се претстават дека се автори на многу документарни филмови, од кои што некои имат земено високи награди на фестивали. На пример двајца пријатели од Германија од Дизелдорф кој што ова им е четврто или пето патување со велосипеди на подолги дистанци од Дизелдорф до Истанбул, па сега да се вратат преку други земји повторно во Дизелдорф, вкупно поминувајќи преку 10.000 километри на велосипед“, кажа Марковски, прашувајќи кога би запознал и би имал прилика да разговарам со човек од Пакистан, Аргентина, со човек од Британските девствени острови или од Фиџи, Кенија.

На прашање на Градска.мк дали има соработка со градот Скопје, со оглед на тоа дека Марковски е вистински промотор на градот, тој вели дека лично нема соработка со градот, но не мора да значи дека другите немат или дека Здружението на туристички водичи нема.

„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот имаше една практика или по Министерството за економија да прогласува туристички водич на годината. Мојот колега со кој што секојдневно соработуваме еднаш ја има добиено таа награда“.

Би бил среќен кога градот би бил проактивен…

Тој вели дека би бил среќен кога градот би бил проактивен за да има средби со туристичките водичи што секојднево работат во градот.

„Би било добро да имаме некаква отворена брза линија за интервенции. На примир, не би се нафатил да водам луѓе кои што се хендикепирани затоа што гледам дека инфраструктурата не е соодветно на тоа. И да ја има, многу пати знае да биде узурпирана од паркирани возила, од поставени тезги. Секоја туристичка тура поминува на потегот од Калето до старата железничка станица. Колку години сите можеме да забележиме дека платото пред универзитетот на Југоисточна Европа е раскршено. Значи се вложуват пари на разни работи низ градот, низ државата, значи тоа е нешто што не прави резил секојдневно. Ќе падне дожд луѓето ќе треба да цапат или да избегнуват да не цапнат, а секој поминува од таму. На пример ќе ја земеме и улица „Македонија“, колку од плочките се нерамни. Таму и мене ми се има случено луѓе се сопнувале за време на турата. Јас обично внимавам секој да го предупредам да внимава. За такви работи Градот би можел да научи многу од нас туристичките водичи како проблеми кои што кога ќе се надминат би го подобрело впечатокот за инфраструктурата во градот“.

Фото – Емилија Манева

Туристите се воудушевени од градот – Можеби е хаотичен, ама на крајот е интересен

Марковски вели дека впачатоците на луѓето што доаѓаат во Скопје се незамисливи во позитивна смисла.

„Воудушевени се. И една од најинтересните реакции од сегашните посетители на Скопје, на Македонија, се луѓе кој што пред да дојдат овде биле ден-два од некоја од соседните земји и викат, е ова не го очекував, во позитивна смисла. Една работа е, ние што имаме свое гледиште како жители на градот околу Скопје 2014 и сите тие работи, но ним им е нешто неочекувано што го гледаат. Ако се обидувам да го опишам на некој нивен позитивен впечаток некој знаат да речат дека е како Лас Вегас, со сите тие контраверзности од спојеви на ова ова-она. Каков контраст е, на пример кога ќе го видиш Скопје 2014 во тој простор, кога ќе го видиш она што го донела обновата на градот после земјотресот со модернизмот со сите работи, и со она што е Чаршијата, кој што се три сосема различни приказни за еден град, за еден посетител, кој што не е обременет со нашите локални негодувања, затоа мојот омилен начин на опишување на Скопје е раскрсница и мозаи. Мозаик од се. И јазици, и архитектура, Можеби е хаотичен, ама на крајот е интересен„

Кој е впечатокот на посетителите кога поминуват од новата страна, па накај старата страна на градот, Старата чаршија…

Марковски кажува дека главно турите им се потегот од плоштад „Македонија“, преку Собрание до Стара железничка околу Градски ѕид. По тоа, назад преку Камени мост, плоштад „Филип Втори“ па Стара чаршија и завршуваат до Мустафа паша џамијата и Свети Спас.

Тој вели дека многу пати и нивен впечаток, и она што тој им го кажува е дека сега влегуваме во човечката димензија на градот.

„Развојот на едно место може да биде од горе надолу, и од долу нагоре. Од горе надолу може да биде кога тоа е државен проект или градски проект, а од долу нагоре е кога спонтано настанува од човекот накај општеството. Нивниот впечаток е тоа шаренило. Јас им велам кога ќе дојдеме кај платото кај Даут пашин амам викам сега обрнете внимание на две работи. Звуците и мирисите. Звуците викам ова е мултилингвална околина, значи ќе ги слушнете сите локални јазици наоколу. И понекогаш ќе правам експеримент ќе избројам по пат кои јазици ги имам чуено и само до „Дестан“ да стигнеме им викам чувме четри јазици. Миристе зашто? Ова ти се областа на типината локалната храна“.

Назми Абдурахмани

АКТУЕЛНО