Search
Search

МВР на терен: Сезона на дрва за греење, дрвокрадците на акција

Полицијата во вчерашниот ден уапси двајца дрвокрадци во селата во тетовско. Истите беа фатени на дело сечејќи дрва во местото „Сува Гора„ тетовско.

На 09.09.2023 во 16.00 часот на место викано „Сува Гора“, во атар на с.Ларце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(39) и М.С.(42), двајцата од истото село, поради постоење основано сомнение дека вршат превоз на бесправно исечени огревни дрва со две возила „лада нива“ и „џип тета самара“, двете без регистарски ознаки.

Кај двете лица биле пронајдени и одземени исечените огревни дрва и алатот со кој ја вршеле сечата, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Н.Ш

 

АКТУЕЛНО